Политика на приватност
- Почетна
- Политика на приватност
За да имате целосен пристап до нашите услуги, треба да се регистрирате на платформата и на тој начин да имате профил. И со регистрацијата Вие ќе имате пристап и да користите одредени делови од услугите кои што ги нудиме.
Регистрираните корисници на платформата FreeToWork се “Корисници”, а нерегистрираните корисници се “Посетители на Сајтот”.
FreeToWork нуди услуги исклучиво за Вашите бизнис цели, а не за лична или потрошувачка употреба. Кога ќе се регистрирате на платформата, како профил, Вие изјавувате дека: (а) правите бизнис под Вашето сопствено име како самозапослен/единствен сопственик или сте вработен или агент на независен бизнис (како што е корпорација, друштво со ограничена одговорност или друго лице); (б) ќе ги користите нашите услуги само за бизнис цели; (в) ќе се придржувате до било каква лиценца, регистрација или други барања поврзани со вашиот бизнис, или бизнисот за кој работите, и било каква понуда или предоставување на услуги како слободен стручњак; дека можете да правите правно обврзни договори.
Мора да оставите точни лични информации при регистрација и исто така треба да ги ажурирате Вашите податоци ако се промени Вашиот личен статус. Доколку има лажни, застарени и непотполни информации можеме да го суспендираме Вашиот профил. Исто така кога ќе ги пополните податоците Вие се согласувате дека Вашиот профил ќе биде прикажан на јавноста.
Се согласувате да не поставувате лажни информации за Ваша идентификација, локација, Ваш бизнис, вистински сопственик на Вашиот бизнис.
Со поставување на Вашите личните информации како што се име, презиме, адреса, е-маил адреса, телефонски број и слично, ние ги користеме само за целите за кои што се потребни. Односно, личните информации кои што ги поставувате се користат за обезбедување на нашите услуги како што се совпаѓање со Клиентите и Работодавците.
Имаме технички и организациски мерки за заштита на вашите лични информации од неовластен пристап, употреба или објавување. Вашиот профил и личните податоци се чуваат во согласност со законските регулативи и безбедносните стандарди.
Вашите податоци нема да бидат предадени на трети страни без Ваша согласност.
Доколку имате било какви прашања може да не контактирате на нашата е-маил адреса и контакт телефон кои се наоѓаат во Контакт.